Медведев: Се зголеми заканата од нуклеарен конфликт

од Stefanija Kuzmanovska
157 прегледи

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Димитриј Медведев изјави дека е зголемена опасноста од нуклеарен конфликт и дека секоја нова испорака на странско оружје во Украина го приближува светот до „нуклеарна апокалипса“.

„Дали заканата од нуклеарен конфликт исчезна? Не, не. Таа се зголеми“, рече Медведев во интервју за руските медиуми, вклучително и за агенцијата ТАСС.

„Секој ден во кој се испраќа странско оружје во Украина, на крајот ќе ја приближи таа нуклеарна апокалипса“, предупреди рускиот политичар.

Слични содржини