Пред неколку месеци Меган Маркл се согласи да го даде гласот за Дизни, а продукциската куќа за возврат најави дека сретствата ќе ги донира во добротворна установа за заштита на слоновите. Британските медиуми започнаа да шпекулираат како таа работа пропадна, па творците на Симпсонови ја повикаа Меган, но тогаш Дизни повторно се огласи.
Меган стана наратор во документарниот филм Elephant кој ќе се прикажува на каналот Disney+ од 3 април. Светски познатото студио среќната вест на објави на својот официјален профил на Твитер.
Disneynature’s Elephant, an Original Movie narrated by Meghan, The Duchess of Sussex, starts streaming April 3, only on #DisneyPlus. pic.twitter.com/ArpgkbrjRj
— Disney+ (@disneyplus) March 26, 2020
Многу прашина се крена околу оваа објава, особено по снимката која ја „ископаа“ британските медиуми на која Хари договара работа за Меган од шефот на Дизни.
Едни се воодушевени и велат дека филмот ќе го гледаат заедно со своите деца, додека други го критикуваат Дизни.