Меган и Хари ќе ѝ ја исполнат желбата на кралицата: Еве кога се враќаат во Британија

354 прегледи

Принцот Хари и Меган Маркл официјално отстапија од своите кралски должности овој месец. Пред неколку дена ги изработија своите последни задачи, а веќе ги најавија своите планови за повторното доаѓање во Британија.

Познатиот кралски пар објави дека летните празници ќе ги помине со семејството на принцот, како кралицата би можела да го види својот Арчи, јавува Fox.

Меган, Хари и Арчи ова лието би требало да го поминат во Шкотска, а со кралицата ќе се дружат во дворецот Балморал.

„Парот ја прифати поканата на кралицата, летото да го поминат во Балморал“, рекол извор близок до семејството.

„Минатата година ја одбија, што малку ги заостри односите меѓу членовите на семејството, а со Арчи беа на Ибица, во викендицата на Елтон Џон на југот на Франција“, додал изворот.

Арчи оваа година во мај ќе го прослави првиот роденден, а по враќањето ќе се сретне и со својот дедо Чарлс.

Слични содржини