Меган и Хари одбиле две покани од кралицата

Откако палатата службено потврди дека војводите од Сасекс оваа година нема да учествуваат на традиционалната божикна прослава во Сандрингем, британските медиуми дознале дека парот нема да биде присутен ни на вечерата во Бакингемската палата, која веќе долги години се одржува во чест на вработените, а кралицата самата ја финансира за да покаже благодарност за нивната напорна и посветена работа.

Освен тоа, Хари и Меган ќе го пропуштат и предбожикниот ручек во Бакингемската палата на кој се собираат сите членови на биртанското кралство. Неколку важни настани, семејството ќе ги пропуѓти поради долгопосакуваниот одмор.

Имено, принцот Хари на својата баба, кралицата Елизабета, пред неколку недели ѝ го најави одењето на приватен одмор со сопругата и синот на непозната локација за јавоста, со цел, божикните празници да ги поминат со мајката на Меган, Дорија Регланд.

Бидејќи минатите две години празниците ги поминале со семејството на Хари, наводно, кралицата има разбирање за логичниот потег.

Хари и Меган веќе го започнале шест-неделниот одмор од кралските обврски и појавување во јавноста, а на почетокот на јануари ќе им се вратат на своите обврски.

Традиционалното божикно славење во Сандрингем е прилика за целото пошироко кралско семејство повторно да се собере на едно место и заедно да поминат неколку дена.

По божикниот доручек целото семејство пешки оди до локалната црква, освен кралицата која оди со автомобил. Како што наведуваат британските медиуми, на славењето би требало да се појави и 98-годишниот Филип, кој долго време не сме го виделе во јавност.

По утринската миса, членовите на кралското семејство одат во палатата Сандрингем на заеднички ручек. Се служи мисирка со многу прилози, во голема сала со овални маси. Во посебна соба се сместени најмалите членови кои имаат свое мени. Во попладневните часови машките членови одат на традиционален лов на птици, по што жените ги чекаат во дворот со чај. Се играат друштвени игри, семејството ужива во заедничкото време.

Слични содржини