Меган Маркел ѝ оддаде почит на саканата шарена палета на нејзината покојна свекрва, принцезата Дијана.
За време на еден од последните официјални ангажмани војвотката на Сасекс избра да облече невообичаена комбинација на бои – виолетова и јако црвено.
Прекрасната комбинација на бои беше една од фаворитите на покојната мајка на принцовите Хари и Вилијам.
Меган, од своја страна, е позната по својата љубов кон еднобојната облека во ненаметливи нијанси, затоа таа ги изненади модните експерти со овој аутфит, со кој се појави во понеделникот.
37-годишната бремена сопруга на принцот Хари носеше црвено палто од камилски штоф на канадската марка Sentaler, црвени високи потпетици и пурпурна тоалета на Aritizia.
Принцезата од Велс прв пат се појави со овие егзотични бои за време на државна вечера во Тајланд во 1988 година.

Ова е облеката на Лејди Ди која таа ја носеше при нејзината посета на Тајланд во 1988 година; Фото: Getty Images
Таа потоа го носеше овој стил за една од нејзините најсподелувани фотосесии пред Таџ Махал во 1992 година (на сликата подолу)
Се чини дека Меган е инспирирана од љубовта на нејзината сверква за овие јаки светли тонови.

Фото: Ројтерс