Meган Маркел блескаше на прием во Бакингемската палата

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Меган Маркел блескаше на официјален прием во Бакингемската палата. Сето британско кралско семејство се собраа таму вчера вечер за да ја прослават 50-годишнината од именувањето на Принцот Чарлс.

Бремената Војвотката од Сасекс ги поздрави гостите на кралицата Елизабет со одличен фустан и насмевка на устата.

Сопругата на принцот Хари се појави во златна и сива комбинација, носејќи елегантен бел мантил над неа. Стилистите на островот забележаа дека тоа е дело на Аманда Векли, и таа не го носи за прв пат.

Иако е бремена, Меган носеше високи потпетици во беж нијанса. Таа ја собра косата во еден кок, носејќи стилски плик од сатен во малку потемна боја.

И покрај гласините дека Меган Маркел се чувствува изолирано во нејзиното семејство, таа покажала дека е во добро расположение и нема проблем да комуницира со гостите, истакнаа британските медиуми.

Извор: Ројтерс