Неодамна, се зборуваше само за беспрекорниот стил на Војвотката на Сасекс, Меган Маркел, кога таа се појавуваше на јавни места. Нејзините тоалети беа темелно испитани и усогласени со оние на Кејт Мидлтон. Исто така, стана јасно дека тие чинат многу поскапо од облеката на сопругата на принцот Вилијам.
Дали заради тоа, Меган Маркел одлучи да го промени стилот и се облече за многу скромна сума, но повторно доби критики од специјалистите.
Ова се случи откако сопругата на принцот Хари ја посети добротворната организација Mayhew Animal Home минатата недела, објави Vogue.
Поранешната ѕвезда на адвокатската серија беше облечена во мек и нежен фустан од брендот H & M. На интернет овој фустан чини 34,99 долари.
Очигледно поранешната актерка одлучила да избере поевтина тоалета, по многуте критики околу скапата нејзина облека, но се сметаше дека ги превидела нормите на кралскиот дрескод. Сепак, таа ја “избалансира” цената со изборот на кашмирно палто на Emporio Armani и избра чевли во ист тон.
Таа ноќ, Маркел се појави во тоалета, повторно надвор од кодексот на Палатата, објави весникот.
Војвотката пристигна на премиерата на новата програма Cirque du Soleil со црни сандали на Стјуарт Вајтцман, покажувајќи ги ноктите излакирани во црна боја.
