Најмладиот член на кралското семејство може многу брзо да oтпатува. Според извори, Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор ќе отпатува за Јужна Африка со своите родители подоцна оваа година.
Дури и официјалните власти во земјата беа предупредени за кралската посета. “Војводата од Сасекс и војвотката веќе почнаа да го планираат своето прво бебешко патување: официјална посета на Африка на есен”, објавија новинарите.

Фото: Ројтерс
Актерката и принцот се венчаа на 19 мај минатата година и настанот го следеа милиони од целиот свет. Во октомври, двојката најави дека го очекуваат нивниот прв наследник, а во мај оваа година се појави детето. Арчи е рангиран на седмо место за наследство на тронот.
