Меган Маркел сè уште не може да се справи со својот татко oткако односот меѓу нив е беше нарушен. Нивните блиски пријатели споделуваат со Пипл што точно се случило. Според нивните зборови, тезата дека војвотката од Сасекс не била во комуникација со нејзиниот татко не била целосно точна. Кратко по венчавката, дури и напишала писмо барајќи од него да престане да ја малтретира преку медиумите.

“Тато, јас сум уништена. Те сакам. Имам само еден татко. Те молам, да престанеш да ме мачиш преку медиумите и да ја поправиме нашата врска “, напиша таа.
“Мислам дека таа секогаш ќе се чувствува опустошена од она што тој ѝ го има направено”, коментира извор близок до војвотката на Сасекс пред изданието.
Блиски до некогашната ѕвезда од серијата “Suits” изразија загриженост пред изданието дека тензиите околу континуираната отуѓеност меѓу таткото и ќерката влијаат стресно и на двајцата и може да се одрази и на нероденото дете на Меган и принцот Хари.
По свадбата на Меган со принцот Хари во мај 2018 година, каде што Томас не беше присутен, односот меѓу таткото и ќерката се растури. Томас се чувствувал засегнат, и неколку пати коментираше за тоа што се случувало меѓу нив, како и за навестување на наводно непријателство меѓу Меган и Кејт Мидлтон.
Тој, исто така, објасни дека направил барем неколку обиди да се сретне со Меган и Хари, напишал писма, но секоја таква желба била игнорирана.
Пријателите на Меган, сепак, уверуваат дека Томас точно знае како да контактира со неговата ќерка, бидејќи нејзиниот телефонски број не е променет. Според нив, таткото никогаш не се обидел да контактира со својата ќерка.
“Тој никогаш не се јавил, никогаш не ѝ пишал. Неговите изјави се покажаа крајно болни, бидејќи Мег секогаш беше послушна. Во исто време како негова ќерка, таа исто така покажала голема симпатија за него. “
Во материјалот станува јасно уште дека Меган и Хари до последно чекале Томас да дојде на свадбата и тврдат дека пристигнал автомобил да го земе, но 74-годишниот одбил да влезе.
Малку подоцна, Меган дознава дека имал срцев удар и дека претрпел операција пред свадбата. Според зборовите на нејзините роднини, таа испратила писма на нејзиниот татко, велејќи дека го сака.
Според нив јасно е дека таа никогаш немала блиска врска со својот полубрат Томас Маркел Џуниор, како и со полусестрата Саманта, која е особено критична кон Меган во медиумите.
Саманта го прекинала контактот со Меган со нејзината упорност и себичност. Исто така, нивните односи се влошија со фактот дека таа не престана да ја напаѓа на социјални мрежи и во печатот, пишува Daily Mail. Саманта се очекува да објави две книги за Меган, во која таа воопшто не ја опишува убаво. Зачинетите дела ќе бидат објавени во периодот април-мај, токму во времето кога се очекува да се породи војвотката.