Меган Маркел станува дел од Вог

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Меган Маркел сега може да закрепне од раѓањето и да ги намали нејзините кралски настапи, но таа сигурно не престанува да работи.

Според најновите податоци, таа ќе учествува во септемвриското издание на модното списание “Вог”. Овој број се смета за најважен за целата година и се подготвува многу внимателно со избирање на најдобрите трендови и модели.

Процесот е толку познат што дури и го инспирираше изработувањето на документарецот “Септемвриско издание”, кој ја покажува целата подготовка.

Сега Меган има можност да стане дел од приказната и да ги сподели своите модни совети со љубителите на списанието.

Фото: Ројтерс

Според гласините, Војвотката ќе изрази мислење за различни прашања, заедно со други жени кои ќе пишуваат есеи за нивните визии за модата. Меган ќе биде фотографирана во Виндзор. Во принцип, кралските членови се обидуваат да се држат настрана од политичките прашања, но Марлел честопати го изразувала својот став за главните прашања, како што се женските права и нивната слобода. Можно е овие теми да бидат застапени во септемвриското издание.

Ова не е прв настап на војвотката во списанието. Кејт Мидлтон беше на насловната страница на британскиот Vogue во 2016 година.