Меган Маркл го криела своето вистинско име и титула: Излезе документ што ги открива сите тајни на кралската двојка! (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Иако коронавирусот е главна тема во светот, кралското семејство сè уште ги пополнува страниците во весниците.

Неодамна, кралицата Елизабета Втора (93) им се обрати на луѓето поради ситуацијата со пандемијата, а сега Војводата од Сасекс се во центарот на вниманието.

Извештајот за раѓање на малиот Арчи, синотна Меган Маркл (38) и принцот Хари (35) беше откриен во јавноста, а тамо е наведено вистинското име на неговата мајка.

Иако многумина веруваа дека нејзината вистинска титула е Војвотката од Сасекс, која и ја даде кралицата кога се омажи за Хари, Меган е всушност принцеза.

Сертификатот за раѓање гласи – Рејчел, принцеза на Велика Британија. Во документот се открива и каде се родило малото момче, кое неговите родители и кралското семејство долго време го криеја во јавноста.

Тоа е приватна болница во Портланд, Вестминстер, Англија, каде за ноќевање се плаќа 20.000 евра.

Инаку, војводите од Сасекс и официјално се слободни од први април. Тие сами ќе се финансираат, а Меган реши да се врати на актерството.

Но, сега решението падна дека таа ќе работи само со режисери од А-листата за да се осигури дека ќе добие улога, по која критичарите ќе ја сфатат сериозно, пишува Дејли Мејл.

Слични содржини