Меган Маркл го покажа трудничкото стомаче во прекрасен величествен фустан

од desk2
105 прегледи

Меган Маркл изминатите недели успешно го криеше трудничкото стомаче, но откако од палатата официјално потврдија дека на пат е уште едно кралско бебе, повеќе нема потреба од криење.

Војвотката од Сасекс е во 4 месец од бременоста, а стомачето сè повеќе расте. Моментално со принцот Хари се на турнеја низ Австралија, а синоќа се појавија на еден настан во Фиџи, каде Меган навистина блесна.

Меган се појави во долга сина тоалета и гордо го покажа трудничкото стомаче кое прилично пораснало. Бебето пристигнува на пролет, а британските кладилници веќе примаат облози за името на девојчето или момчето.