МЕГАН МАРКЛ ХОСПИТАЛИЗИРАНA! Видена како ја водат во БОЛНИЦА!

од Stefanija Kuzmanovska

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, наводно била видена како итно ја пренесуваат во болница, јавуваат странските медиуми.

Имено, војвотката и војводата од Сасекс, Меган Маркл и принцот Хари, го слават вториот роденден на нивниот син Арчи, а ако им се верува на пишувањата на американските изданија, малиот Арчи веќе добил сестра.

Извор за таблоидите изјавил дека кратко време по враќањето на Хари од Велика Британија, каде помина една недела поради погребот на принцот Филип, неговата бремена сопруга била итно пренесена во црн џип, а со оглед на тоа што војвотката требаше да се породи дома, изворот тврди дека лесно е можно породувањето веќе да се случило во блиската болница.

„Cottage“ е најдобрата болница во градот и познато е дека нивните пациенти се познати и богати луѓе. На Меган сигурно и се случило нешто штом решила да го замени домашното породување со болница“, изјавил неименуван извор.

Инаку, сè уште нема официјални информации за раѓањето на второто дете на кралскиот пар, но имајќи предвид дека Меган последен пат беше видена во јавноста пред две недели, кога папараците ја снимија во друштво на нејзиниот син, а досега беше прилично мистериозна за бременоста, па таа ја откри дури во март оваа година, многу обожаватели веруваат дека тврдењата за раѓањето на второт дете можеби се вистинити.

Слични содржини