Меган Маркл: Нападите врз мене беа оркестрирани за да се заштитат другите членови на семејството

од Stefanija Kuzmanovska
317 прегледи

Новиот трејлер за вториот дел од документарецот на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ја здогледа светлината на денот и веќе предизвика лавина од коментари.

На новата снимка Меган директно го обвини кралското семејство дека „турка“ приказни за неа до британските медиуми.

Војвотката од Сасекс во новиот трејлер тврди дека нападите врз неа биле оркестрирани за да се заштитат другите членови на кралското семејство.

„Ќе се појавеше приказна за некој од семејството и тие веднаш ќе реагираа велејќи дека тоа мора да исчезне“, вели Меган во новиот трејлер.

Да потсетиме, првиот дел од документарната серија, зад кој стои Нетфликс, на големо е проследен со контроверзи, а посебно внимание предизвика фактот што за него познатиот пар доби 100 милиони долари.

Слични содржини