Деновиве Томас Маркел изјави дека се помирил со идејата дека во скоро време ниту Меган ниту Хари ќе му се јават и никој нема да му соопшти за раѓањето на нивното дете, а тој ќе дознае за веста од медиумите, пишува Express.
Извор на весникот забележува дека таткото на Меган “би дал сè за да се сретне со новородениот внук и се надева дека ќе може да ѝ докаже на својата ќерка дека нивните односи заслужуваат втора шанса и тој има право да има место во нивниот живот “.
Томас, исто така, рече дека шетал по многу продавници за деца во потрага по соодветен подарок за неговиот внук. Според неговите зборови, тој е искрено возбуден поради нејзината бременост и е длабоко вознемирен, бидејќи тешко дека ќе му се даде шанса да ја види малата.
Извор близок до Маркел вели дека за раѓањето на кралското бебе, Томас има намера да го одбележи настанот во локален бар на плажа. Таткото на Меган сè уште се надева дека таа или Хари ќе го повикаат за да му ја кажат радосната вест, а тој, исто така, сонува да го поканат да го види нивниот наследник.
Односите меѓу Меган и нејзиниот татко се растурија кратко време пред свадбата кога Томас Маркел ги сподели своите емоции со медиумите, што очигледно не му се допадна на кралското семејство. Долго време, таткото се обидува да воспостави врската со својата ќерка, но досега не се случило помирувањето меѓу нив. Меѓутоа, Меган има многу пријатна врска со неговата мајка.