Меган одржува таен профил на Инстаграм

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Во јануари минатата година, еден месец по нејзината свршувачка со принцот Хари, Меган Маркел ги затвпри сите профили на социјалните мрежи. Како актуелен член на британското кралско семејство, таа повеќе не може да ги користи. Сепак, според Daily Mail, војвотката од Сасекс имала таен профил на Instagram со кој ги следи нејзините пријатели.

Веќе неколку месеци Меган успеала да го искористи oвој профил без да го одвлече вниманието, но за Божиќ доби многу коментари и тролови и одлучи да го затвори.

Според медиумите, Маркел се чувствува изолирано и осамено. Таа е во шестиот месец од бременоста и за да не се соочува со непријатни коментари на социјалните мрежи, таа претпочиташе да престане да ја користи платформата.

Според извор близок до британскиот кралски двор, Меган не сакала да се движи постојано со обезбедување, но по негативните коментари за нејзина адреса не се осмелува тоа да не го направи, бидејќи нема да се чувствува безбедно.

Повеќето членови на семејството на кралицата Елизабета II немаат свои профили на социјални мрежи. Исклучоците ги прават принцезата Беатрис и Јуџин, но тие немаат право да изразат лично мислење за различни прашања, особено политички.