Меган реши: На оваа водителка ќе ѝ каже сè, тие се како сродни души

од Elena Daskalova

Меган Маркл е поранешна актерка, а со нејзиното влегување во кралското семејство се повлече од снимање и престана да гостува во шоуа и забавни емисии.

Но, веќе се шушка дека закажала ексклузивно гостување во емисијата на Елен Деџенерис. Наводно, тие извесно време имале иницијален договор за интервју, во кое војвотката од Сасекс ќе открие многу информации за актуелната тема во Британија и светот.

Една пријателка на Меган тврди дека таа верувала дека Елен целосно ќе ја разбере и дека нејзе ќе може сè да и каже. Од друга страна, кога новинари ја прашале Елен дали е возбудена што ќе снима со Меган Маркл, таа одговорила со „да“, што уште повеќе ја убедило јавноста дека вакво ексклузивно интервју е во фаза на подготовка.

Слични содржини