Меган Маркел се појави на нејзиниот прв официјален настан откако стана мајка, и природно леќите на камерите зјапаа во неа. Поранешната ѕвезда на адвокатската серија ја игнорираше посетата на американскиот претседател Доналд Трамп во Велика Британија.
Но, таа сепак не го пропушти настанот во чест на кралицата Елизабета II на нејзиниот роденден. Војвотката на Сасекс избра сино-тегет облека на Живанши и шапка во истата нијанса на Ноел Стјуарт.
Многу луѓе забележаа интересен детаљ што претходно не го виделе кај Војвотката. На четвртиот прст на левата рака имаше прстен од неколку кругови.
Според People, овој скапоцен камен е подарок од принцот Хари за нејзината свадбена годишнина, која се одржа на 19-ти мај. Прстенот е вечен прстен и ја симболизира нивната бескрајна љубов.
Таквиот подарок членовите на кралското семејство го даваат на своите жени на значајни настани, како на пример во чест на раѓањето на бебето или на годишнината од свадбата.
Принцот Вилијам ѝ даде на Кејт Мидлтон сличен прстен кога се роди нивниот прв син, принцот Џорџ. Сега Меган носи три прстени – вереничкиот, свадбениот и последниот подарок од принцот Хари.
https://www.instagram.com/p/BycpE4qi2Ue/?utm_source=ig_embed