Меѓу жртвите на масакрот во Врачар има и дете од француска националност

од Nikola Popovski
1,3K прегледи

Меѓу жртвите на масакрот што вчера се случи во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград има и дете од француска националност, соопшти Министерството за надворешни работи на Франција, а пренесува „Le Parisien“.

– Меѓу жртвите има и ученичка од француска националност. Нашите служби и нашата амбасада во Белград се мобилизирани да му ја пружат сета поддршка на семејството на нашиот млад сонародник во оваа голгота, наведуваат од тамошното МНР.

Како што додаваат во соопштението, нивните мисли се насочени кон семејствата на жртвите.

– Изразуваме длабоко сочувство, а на многуте повредени им посакуваме брзо закрепнување, се наведува.

Францускиот весник „20 минути“ исто така пренесе дека меѓу жртвите има француска ученичка.

Да потсетиме, осум ученици од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар во Белград и чуварот на тоа училиште беа убиени вчера изутрина околу 8:30 во престрелка. За страшниот масакр е осомничен К.К.(14), ученик во 7-мо одделение во тоа основно училиште.

Во нападот се ранети уште седум лица, меѓу кои и една наставничка по историја. Лекарите се борат за нејзиниот живот и за животот на 13-годишното девојче, кое се здобило со прострелна рана во главата.

К.К го одзел пиштолот од татко му, кој во меѓувреме е уапсен. Освен оружјето, осомничениот за масакрот со себе имал и четири молотови коктели. Кривично нема да одговара бидејќи уште нема 14 години.

Фото: Telegraf.rs

Слични содржини