Меѓународна конференција за богомилското движење

од Vladimir Zorba
249 прегледи

 

Во Охрид денеска ќе се одржи меѓународна конференција „Богомилство без граници“ која се организира во рамки на проект на Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науки.bogomilstvo

На конференцијата најавено е учество на професори од Македонија, Бугарија и Велика Британија. На отворањето ќе се обратат проф. д-р Маја Ангеловска – Панова од Институтот за национална историја во Скопје и академик Васил Ѓузелев од Бугарската академија на науките.

Проектот „Богомилство без граници“ што го реализираат МАНУ и БАН е дизајниран за историско и културолошко проследување на богомислтвото сфатено како универзална продобивка. Од македонска страна во проектот се вклучени академик Блаже Ристевски, проф. д-р Маја Ангеловска – Панова и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ.