Меѓународниот монетарен фонд предупреди: Светот се соочува со нова финансиска криза

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Долгот на светот е 152 трилиони долари, два пати поголема од два пати обемот на светската економија

stedi
Светскиот долг на нефинансиски сектор достигна рекордни 152 трилиони долари во 2015 година, објави во извештајот Меѓународниот монетарен фонд. Оваа сума е двојно поголема отколку што е обемот на светската економија. Тоа може да го спречи нејзиното обновување и  да го зголеми ризикот од нова финансиска криза. Во последните години долгот растеше побрзо од светската економија. Ако во 2002 година тој беше еднаква 200% од светскиот БДП, тогаш во 2015 година – 225%. Долгот е концентриран во развиените земји, но е висок и во некои земји во развој, како Бразил и Кина. Две третини од долгот отпаѓа на приватниот сектор.

“Прекумерниот долг на приватниот сектор претставува особено голема пречка за обновување на светската економија и ризик за финансиската стабилност”, тврди Виктор Гаспар, директор на одделот за буџетските прашања на ММФ. Често најбрзиот раст на долгот на приватниот сектор води до финансиски кризи, предупредува тој.

Овие броеви го нагласуваат парадоксот: постојат ризици поради високиот долг, но политиката на некои големи централни банки само го стимулира неговото зголемување, пишува “Фајненшл тајмс”.

Во последните години ФЕД, ЕЦБ и “банк оф Инлглад”  ги намалија каматите до рекордно ниски нивоа и започнаа програми за купување на обврзници со цел да се стимулира економијата и кредитирањето. Покрај тоа, ММФ  ги советува владите да користат кредити за финансирање на буџетските расходи и на тој начин да се стимулира економскиот раст. Овој совет има смисла да биде следен таму каде што нема ризици, забележува Дмитриј Полевој од ING. Проблемот е во тоа што во развиените земји долгот веќе е висок и не се очекуваат значителни подобрувања во економијата.

Во ефикасноста на фискално стимулирање се сомнева главниот економист на Министерството за финансии на Германија Лјудгер Шукнехт. Во колумната во “Волстрит џурнал” тој пишува дека ниската цена на кредитите не треба да ги прави  владите безумни. Според него државниот долг во многу земји е огромен, а можностите за фискално стимулирање – тие се првенствено резултат од меката монетарна политика на централните банки, но еден ден тие ќе треба да бисдат жестоки.

Самиот ММФ забележува дека таквата стимулација е неефикасна во условите на целосна вработеност, а САД, Германија, Велика Британија и други земји со големи економии се блиски до неа, забележува Шукнехт. Но Велика Британија е подготвена да го стори тоа, “Банк оф Ингланд” ја намали клучната каматна стапка во август до 0,5%. Новата британска влада планира да ги зголеми инвестициите во инфраструктура, користејќи евтини кредити, пишува “Фајненшл тајмс”, повикувајќи се на Џорџ Фриман, советник на премиерот Тереза Меј.