Механизмот во Xiaomi Mi Mix 3 може да издржи повеќе од 350.000 активирања

од Vlatko K
109 прегледи

За време на презентацијата Mi Mix 3, Xiaomi рече дека механизмот за лизгање на уредот може да
издржи најмалку 300.000 активирања.

Сепак, кинескиот телевизиски канал Digital Tail одлучи да го тестира ова со посебен тест. Тие
објавија видеоснимка на социјалната мрежа Weibo, што покажува дека телефонот работи
беспрекорно и по 350.000 отворања и затворања на механизмот.

Тоа е повеќе од доволно, бидејќи за да достигнете 300.000 активирања објавени од
производителот, ќе ви требаат 8 години со по 100 сесии дневно