Докторот Злате Мехмедовиќ смета дека би било неочекувано кога би немале зголемување на бројот на новозаразени.
-Новиот бран е реалност и треба да бидеме подготвени уште од сега. Во моментов состојбата е стабилна и немаме зголемен притисок врз болните, но тоа не значи дека нема да се промени во иднина, вели докторот во изјава за ТВ 21.
Според него, доколку не се дојде до „магичниот праг од 80-85% на вакцинирано население, за да се дојде до колективен имунитет, нема да можеме да излеземе од кризата“.
-Нѐ очекува тешка есен и зима со делта-сојот на коронавирусот, кој е попренослив и позаразен, посочува Мехмедовиќ.