275
„Не сум толку голем оптимист дека нема да ни се случи третиот бран на коронавирус“, изјави докторот Злате Мехмедовиќ, кој работи во еден од ковид-центрите.
Според него, постои реална можност за ескалација на ситуацијата, пред се поради тоа што на глобално ниво се појави новиот мутиран вид на коронавирус.
„За него се тврди дека има 70 проценти поголема трансмисија и прашање е како таа нова форма на вирусот ќе биде исконтролирана во Англија и дали истата ќе биде преселна во останатите држави, иако веќе неколку европски и светски земји информираат дека е веќе присутна кај нив“, истакна Мехмедовиќ, додавајќи дека не очекувал дека по летните месеци ќе имаме втор бран на Ковид-19.