Меј ја одби ЕУ, што ќе биде до Северна Ирска?

од desk2
147 прегледи

Премиерката на Велика Британија Тереза Меј го отфрли предлогот на ЕУ за северната граница со Северна Ирска, затоа што смета дека е закана за уставниот поредок на Обединетото Кралство.

Според тој предлог, Северна Ирска по изледувањето на Британија од ЕУ би се третирала како царинско подрачје на Унијата.

Меј вели дека ниеден премиер на Велика Британија не би се согласил со тој предлог, пренесе BBC.

Прашањето за границата на исркиот остров е едно од најтешките кое се наметна откако Британија се одлучи за таканаречен тврд Брегзит, излез од единствениот пазар и од царинската унија.

Според мировната спогодба потпишана на Велик петок во 1998 година укинати се контролите и границата меѓу Велика Британија и Република Ирска со што стана речиси невидлива.

Тоа без проблеми функционираше затоа што и Ирска и Велика Британија беа членки на ЕУ и беа дел од единствениот пазар и царинска уникја.

Меѓутоа, проблеми настанаа откако Британија реши да излезе од Унијата.

Како излез од ситуацијата, Комисијата предложи Северна Ирска и понатаму да се смета дел од царинската унија каде важат одредбите на ЕУ.

Британската премиерка во понеделник ќе се обрати пред парламентот во врска со Брегзит, најави претседателот на долниот дом на британскиот парламент Џон Берцов, јави Ројтерс.