Меј ветува успешно напуштање на ЕУ и почитување на волјата на граѓаните

од desk4
99 прегледи

  Британската премиерка Тереза Меј изјави дека, како и да завршат преговорите со Европската унија, таа ќе направи британското напуштање на Унијата да биде успешно.

– Верувам во Брегзит. И, што е уште поважно, верувам дека Брегзит може да се реализира на начин на кој ќе се испочитува гласот на граѓаните, а во исто време ќе се заштити нашата заедница, нашата економија и ќе се загарантира дека Брегзит ќе носи успеси во иднината, изјави Меј, ветувајќи дека ќе го почитува гласот на граѓаните од референдумот во 2016 година кога Британците се изјаснија за напуштање на ЕУ.

Британија и ЕУ водат мачни преговори за регулирање на нивните идни односи откао Британија ќе излезе во март 2019 година, а лидерите на ЕУ неодамна го отфрлија предлогот на Меј – таканаречениот „план од Чекерс“.

Како одговор, Меј изјави дека Британија е подготвена да ја напушти ЕУ дури и ако не постигне договор за натамошно регулирање на нивните односи.

Слични содржини