Републиканскиот сенатор Џон Мекејн ја критикуваше Хилари Клинтон бидејќи ги објави мемоарите за пократко од една година откако претрпе пораз на претседателските избори во САД. 
Тој употреби безобразни изрази во прашањето за Хилари, во однос на тоа која била нејзината поента со објавувањето на книгата.
– Да продолжиш да се бориш? Историјата ќе пресуди за таа кампања, а секогаш проаѓа одреден период додека да се случи тоа. Мораш да продолжиш. Тоа е проблемот на Хилари сега – нема што да прави, нагласи Мекејн во интервјуто за „Есквајер“.
Хилари Клинтон во септември ја објави книгата „Што се случи“.
Мекејн изгуби на претседателските избори во 2008 година од тогашниот сенатор Барак Обама, а во интервјуто наведе дека „најтешко е да се молчи по изгубени избори“.
– Еден од речиси неодоливите импулси кои ги имаш кога ќе изгубиш е некако да објасниш зошто си изгубил и колку лошо се однесувале кон тебе. Јас ја направив вистинската работа. Најтешко е само да се молчи, потенцираше републиканскиот сенатор.