Мекларен: Ферари го прекршија договорот со назначувањето на Мекис

од Vladimir Zorba
309 прегледи

Назначувањето на Лоран Мекис во Ф1 тимот на Ферари донесе незадоволство кај конкурентските тимови на стартната линија. Првиот тим кој изрази такво е Мекларен, а причината – претходната работа на Мекис како директор за безбедност на ФИА и заменик-тркачки директор. Како таков, Мекис го проследи одблизу создавањето и имплементирањето на новиот елемент во Ф1 болидите – т.н. „Ореол“. Мекларен не се задоволни од потегот на „Скудерија“ и сметаат дека тимот прекршил непишано правило.

Мекис ќе стапи на новата позиција по шест месеци, како што е по правилникот на ФИА – на 20 септември. Тогаш тој ќе почне да соработува со техничкиот директор Матиа Биното.

Заминувањето на Мекис му претходеше тоа на поранешниот технички директор на ФИА, Марсин Будковски пред помалку од шест месеци, кој се приклучи на Рено. Поради полемиката која се разви меѓу тимовите тогаш, од Рено го одложија стапувањето на Будковски на позицијата до април 2018 година. Поради предметниот случај, на специјална средба тимовите во Формула 1 зедоа одлука минималниот рок на вработен во ФИА да започне со работа во некој тим да се зголеми на 12 месеци. Фактот дека „Скудерија“ толку брзо го прекршуваат договорот, ги налути во Мекларен.

– Воопшто не сме среќни дека ФИА губат уште еден клучен вработен во насока на тркачки тим. Особено откако сите тимови се согласивме на последната средба на Стратешката група дека вработени на ФИА ќе можат да работат во тим 12 месеци по заминувањето. Ферари дејствува против еден џентлменски договор и ФИА не прави ништо за да ги запре, отсече тркачкиот директор на Мекларен, Ерик Булие.

Во моментов друг тим не ја коментирал јавно веста за Мекис, а Ферари одбија да му одговорат на Булие.

Слични содржини