Тимот на Мекларен од Формула 1 може да претрпи многу сериозен удар, бидејќи е под закана да го
изгуби својот главен спонзор и снабдувачот на гориво „Петробрас“. Ова стана јасно откако
бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро откри дека владата бара начин да се стави крај на
сегашниот договор.
Тој беше потпишан во 2018 година и за пет сезони требаше да му донесе на британскиот тим
вкупен приход од 150 милиони фунти (30 милиони годишно). Барем такви бројки користи
Болсонаро. Сепак, според британските медиуми, помалку од половина од парите се трошат за
Мекларен, а останатите се трошат за развој во рамките на „Петробрас“.
Намерата за прекин доаѓа помалку од 18 месеци по склучувањето на договорот. Јасно е дека
престанокот ќе резултира со сериозна финансиска казна за компанијата. Во тековната сезона,
Мекларен одлучи да користи некои од маслата на „Петробрас“. Идејата беше дека нивниот опсег,
кој се употребува на MCL34, да биде проширен