Мексикански готвач го приготви најскапото тако на свет

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Ракчиња, кавијар и златни плочки кои се јадатм не се стандардните производи за подготовка на омиленото низ целиот свет мексиканско јадење.

Но шефот-готвач Хуан Лисерио Алкала ги искористи токму нив, за да го создаде најскапото тако во светот. Тој е предложен за вртоглави 25 000 долари во луксузното одморалиште “Гранд Велас Лос Кабос Ризорт” во Долна Калифорнија. За жал, се уште никој не е решил да го проба вкусот на 25 илјади долари.

“Луѓето се возбудени и малку изненадени како можеш да изедеш тако за 25 000 долари кога можеш да си го купиш на улицата за еден”, вели Алкала за АФП. За да одговара на цената тортилјата е извалкана во 24-каратно злато и е наполнета со најскапото говедско во светот од јапонската област Коби, ракчиња, кавијар “Алмас” од иранска белуга и полнета со црни тартуфи и сирење “Бри “.

Салца сосот пак е од мексиканските лути пиперки “Морита” и кафе од цибитка – исклучително скапа сорта кафе (помеѓу 700 и 1500 долари по килограм).

А ако на клиентите не даваатт 25 000 долари за сендвич, тогаш шеф-готвачот нуди и соодветен пијалак со него – шише текила “Пашн Ацтеките” за 150 000 долари.