Мел Гибсон објави дека ја продава својата прекрасна вила во Малибу, објави “Дејли мејл”. Вилата се протега на површина од 22. 258 квадратни метри, ахоливудската ѕвезда ја купи во 2008 година.

Куќата е повеќе како музеј. Самата вила била изградена во 1996 година во најдобрите традиции на средниот век.
Камени скали и ѕидови, огромни камини, кули, железни лустери, спирални скали и изобилство од свеќници во секоја соба – тешко може да се замисли модерен човек во такви декорации.
Според зборовите на претставниците на агенцијата коишто се анфажирани за продажба на елитниот имот на Гибсон, во него има уште пет спални, огромна трпезарија и неколку бањи.
Исто така, има и опремена спортска сала, два базени и посебна куќа за гости со поглед на Тихиот Океан.