Меланија копа со високи потпетици и со здолниште од 4.000 долари (ФОТО)

од Vlatko K
191 прегледи

Првата дама на САД повторно импресионира со својот изглед за време на посетата на кенискиот претседател Ухуру Кениата и неговата сопруга Маргарет во Белата куќа.

Подоцна таа посади нова фиданки во друштво на внуката на Двајт Ајзенхауер и 5 генерација внук на претседателот Џејмс Монро, на местото на дрво, откорнато од невремето во март. Првата дама ја носеше нејзината омилена марка чевли Christian Louboutin со високи потпетици, облечена во бело розова боја. И покрај модната облека, сепак таа добро работи со лопата.

Меланија беше облечена во здолниште Valentino од минатогодишната колекција, а цената е речиси 4.000 долари. Згора на тоа, првата дама носеше топ без ракави, кој ја истакна нејзината тенка фигура.

Американскиот претседател Доналд Трамп го прими својот кениски колега и неговата сопруга во Белата куќа. Кениата е втор африкански претседател примен од Трамп во Белата куќа, по нигерискиот колега Мухамаду Бухари претходно оваа година, потсетуваат агенциите.

Трамп е критикуван дека обрнува премногу малку внимание на овој континент. Првата дама на САД, пак планира самостојна африканска турнеја оваа есен.