Меланија Трамп конечно следната недела се сели во Белата куќа

од desk2
97 прегледи

Првата дама на Америка, Меланија Трамп, која остана да живее со синот во Њујорк откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп ја презеде должноста претседател на САД, следната недела се сели во Вашингтон, во Белата куќа.

Како што пренесуваат американските медиуми, Белата куќа по нејзин вкус ја уредил стручњакот за интериер Там Каналикам.
Сопружниците Трамп се договорија Меланија да остане во Њујорк додека нивниот 11-годишен син не заврши со училиштето.

Во поновата историја на САД нема примерки каде првата дама не се вселува во белата куќа зааедно со сопругот, а со доаѓањето на Меланија двојката ќе стекне углед кој повеќе одговара на американската традиција, пренесува Indeks.hr.

Меѓутоа, општо мислење е дека живеењето на семејството заедно нема да влијае на почесто појавување на првата дама во јавноста, бидејќи таа своеволно се повлече од јавниот живот и ретко е видена со својот сопруг по неговата инаугурација.