Одлуката на на сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија Трамп да не носи традиционална марама во текот на нивната официјална посета на Саудиска Арабија предизвика низа од коментари на социјалните мрежи.

Но, оваа нејзина одлука не е во спротивност со обичајот кој дозволува на сопругите на виските странски гости во Саудиска Арабија да не носат традиционална марама.
Британската премиерка Тереза Меј и германската канцеларка Ангела Меркел исто така го одбегнаа носењето на марама при посетата на земјата оваа година, што зборува дека е вообичаено високите странски гостинки од странство да можат да го прескокнат задолжителното носење на марама во оваа земја во која црната прекривка е пропис кои Саудијките мораат да го почитуваат.
Актуелниот американски претседател Трамп, како што пишува Associated Press, порано ја критикуваше првата бивша дама на САД Мишел Обама, бидејќи не носеше марама кога беше со својот сопруг во посета на Саудијска Арабија во јануари 2015 година.
Посетата на Саудијска Арабија е прва странска посета на Доналд Трамп откако стапи на должност американски претседател.