Меланија успеала да го смени предбрачниот договор во преговори со Трамп

од Vladimir Zorba
481 прегледи

Во пресрет на новите американски избори, за кои Доналд Трамп јасно стави до знаење дека има намера да започне уште една трка за претседателската функција, Меланија Трамп реши да направи измени во нивниот предбрачен договор и успеа во тоа.

Како што открија добро упатени извори за Page Six, Меланија Трамп тајно преговарала, а потоа менувала делови од предбрачниот договор со Доналд Трамп, се со цел да се осигура навреме во случај тој навистина да го добие вториот претседателски мандат.

Адвокатските тимови на парот, кој се венча во 2005 година, работеше со Меланија и Доналд на нов договор во текот на изминатата година.

„Ова е барем трет пат како Меланија успева да преговара за условите на нејзиниот договор“, открил изворот, додавајќи дека тоа не значи дека Меланија Трамп има намера да го напушти Трамп.

Она што најмногу ја загрижува Меланија е нивниот 17-годишен син Барон „да помине најдобро што може“.

„Знам дека одлучила да го стори тоа за да добие повеќе пари, но исто така, колку што разбрав, постои одредена минимална сума што Барон треба да ја добие“, открил друг извор.

Причината поради која Меланија решила да направи промени токму сега не се крие во тоа што 77-годишниот Трамп навистина повторно би станал американски претседател, туку во правните битки кои ги водат во последните месеци.

„Оваа промена беше неопходна поради неодамнешните правни битки во кои се вмеша Доналд, вклучително и потенцијални исплати во масовната тужба што ја покрена против него њујоршката јавна обвинителка Летиција Џејмс. Станува збор за сума од 250 милиони долари поради неговиот бизнис со недвижности, но и 5 милиони што треба да ги плати поради клевета на Е.Џин Керол“, открива изворот и додава дека тоа нема многу да му наштети на богатството на Трамп, но со толку многу судски битки и трошоци, овие промени ќе обезбедат посигурна иднина за Меланија и нејзиниот син во случај на развод.

Книгата од 2020 година на репортерката на „Вашингтон пост“ Мери Џордан, „Уметноста на нејзиниот договор: Нераскажаната приказна за Меланија Трамп“, тврди дека поранешната прва дама преговарала за предбрачен договор уште во 2017 година, во исто време таа го одложувала неговото преселување од Менхетен до Белата куќа.

„Таа сакаше писмен доказ дека кога станува збор за финансиските можности и наследството, Барон ќе се третира како еднаков со трите најстари деца на Трамп – Ерик, Иванка и Доналд Џуниор“.

Слични содржини