Мелони: Центрите за мигранти во Албанија ќе почнат да работат кога ЕУ ќе усвои нов договор

Мелони претходно оваа година објави дека депортацијата на нелегални мигранти од Италија во прифатните центри во Албанија ќе продолжи, и покрај тоа што одлуката претходно беше оспорена од италијанските судии.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Џорџија Мелони

Центрите за обработка на барања за азил што Италија ги изгради во Албанија пред две години ќе почнат да работат кога ќе стапи во сила новиот договор на Европската унија за миграција и азил, изјави денес италијанската премиерка Џорџија Мелони.

„Центрите ќе функционираат како што првично планиравме. Изгубивме две години за да се вратиме на почеток. Тоа не е моја одговорност. Две години подоцна, правиме точно она што можевме да го направиме две години порано“, рече Мелони на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама по меѓувладиниот самит Италија-Албанија во Рим, објави Анса.