Мемети остана без пасошот и ќе треба да се јавува во суд

од Nikola Popovski

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупцija, определил мерки за претпазливост за обвинителот Иџет Мемети, второосомничен во истрагата поврзана со Примање награда за против законито влијание.

-На осомничениот му се опредлуваат мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т. 2 и 3 односно обврска на осомничениот повремено да се јавува на определено службено лице во судот и одземање на патна и друга исправа за напуштање на државната граница како и забрана за издавање нова.

Мерките важат до правосилноста на постпаката, а против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Обвинителството додаваат дека според доказите со кои располагаат, засега немало основа за построга мерка. Мемети пред членовите на Советот на јавните обвинители истакнал дека нема никаква вина.

Судија на претходна постапка му одреди 30 дневен притвор на врховниот судија Наке Георгиев. Тој беше затекнат како зема мито за олеснување на постапката што ја води против поранешен градоначалник. Се бранеше со молчење.

Слични содржини