Мендеш ги поставил условите на Роналдо пред шефовите на Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо и понатаму останува на својот став дека сака да го напушти клубот и да се приклучи на тим кој ќе се натпреварува на добро ниво во Лигата на шампионите, пишува печатот ширум Европа.

Неговиот менаџер Жорже Мендеш ја ставил на маса идејата на неговиот клиент на состанокот на раководството во вторникот, а тоа е да се продолжи договорот со капитенот на Португалија за една година, а потоа да се испрати на позајмица во друг тим без да се плати сума за трансфер.

Самиот Роналдо е подготвен драстично да ги намали финансиските барања за да се договори со некој од тимовите што ги посакува. Шефовите на Манчестер Јунајтед и понатаму се надеваат дека тој на крајот ќе биде подготвен да ја одигра сезоната на „Олд Трафорд“ бидејќи има уште една година од договорот, додека раководството исто така се надева дека на крајот не е јасно дали ќе се најде тим што ќе ги исполни желбите на Кристијано.

Опциите за ѕвездата сепак остануваат се помалку, бидејќи до овој момент добиваше категорично одбивање од Челси, каде Томас Тухел се спротивстави на таков договор, во Баерн (Минхен) беа категорични дека таква зделка не се вклопува во политиката на клубот, а навивачите на Атлетико (Мадрид) категорично се спротивставија на таквиот потег и дури излегоа со декларација.

Слични содржини