„Моето мислење за ДУИ е дека не можеле повеќе. Не можеле. И ДУИ дале збор но толку им е силата. Да бидеме коректни“ беше коментарот на лидерот на албанската ДПА, Мендух Тачи околу „излезноста“ на албанските гласачи во првиот круг од претседатеските избори на кои Пендаровски и Силјановска добија речиис изедначен број гласови.

Претседателот на ДПА во синоќешното интервју на телевизија „Клан“ оцени дека „на парламентарните избори СДСМ имаше 70.000 албански гласови, а сега со ДУИ, ДПА и другите албански партии, доби 35.000-40.000 гласови“.
Тачи вели дека и покрај тоа што ДУИ дале збор да придонесат Пендаровски да добие повеќе гласови “сепак толку им била силата“.