МЕПСО доби нов директор од редовите на ВЛЕН

од Nikola Popovski
807 прегледи

За директор на Управниот одбор во МЕПСО е именуван Бурим Латифи кој доаѓа од редовите на коалицијата ВЛЕН. Министерството за транспорт и врски како главен акционер на МЕПСО ги именуваше и членовите на Надзорниот одбор на компанијата.

За членови на се избрани: Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска-Марковска, Агрон Рустеми, Звонко Бошков и Али Исмаиљ.

Во Управниот одбор, покрај Бурим Латифи, Александар Пауновски е избран за заменик-директор, а за членови се именувани Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.

Со изборот на новите членови на Управниот и Надзорниот одбор, приоритет се дава на ефикасно управување на електропреносниот систем преку оптимален и одржлив развој на компанијата се со цел задоволување на потребите од електрична енергија за крајните кросиници.

Притоа Управниот и Надзорниот одбор ќе имаат задача да го консолидираат Акционерското друштво од наследените проблеми, да се справат со корупцијата и да ги зајакнат капацитетите на компанијата во насока на реализација на развојни проекти со кои ќе придонесат за унапредување на преносната мрежа.

Слични содржини