530
МЕПСО во моментов има долгови во висина од 17 милиони евра, информира вечерва директорот на институцијата, Куштрим Рамадани во „Економски Магазин“ на Алсат ТВ.
Според него, тоа се долгови кон европската мрежа.
-Секој милион евра е добредојден. Нашиот главен проблем е да ги исплатиме долговите кон европската мрежа, кои се околу 85 гигават часови, што изнесува 17 милиони евра, појасни Рамадани.
Како што посочи тој, во моментов им требаат 30 милиони евра за справување со енергетската криза.
-На нас како МЕПСО во моментов ни се потребни околу 30 милиони евра за што писмено се имаме обратено до Владата, Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика и Министерството за транспорт и врски, рече Рамадани.