Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Американците многу агресивно ги следат своите интереси, поради што и Германија мора да ги следи своите.
„Децениите Pax Americana се завршени за нас. Носталгијата нема да помогне. Тоа е факт. Американците сега многу агресивно ги следат своите интереси, и затоа ние сега мора да ги следиме нашите“, рече Мерц, според весникот „Билд“.
Според него, Германците ќе ги разберат димензиите на она што се случува во светот денес дури по многу години.