Мерц: Сакам САД да останат партнер на Европа и покрај промената на односите

„Се подготвуваме за промена во трансатлантските односи. Но, сепак би сакал да го гледам тоа како партнерство и се надевам дека Америка го гледа на ист начин во своите односи со Европа, а исто така и со Германија“, им рече Мерц на новинарите.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ Ihr Programm

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес ја изрази својата желба САД да останат партнер на Европа во иднина, и покрај промената на односите.

Тој му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп дека новата политика на Германија кон мигрантите речиси го преполовила бројот на баратели на азил во земјата, објави Ројтерс.