Мерц со Трамп разговаралe за набавка на системи „Патриот“ за Украина

од desk2
21 прегледи

Германскиот канцелар, односно премиер, Фридрих Мерц денеска разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за иницијативата Германија да купи американски системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина, јавија светските медиуми.

Разговорот се случи во истиот ден кога Трамп разговараше со украинскиот колега Володимир Зеленски за противвоздушната одбрана на Украина, среде можеби најголемиот руски напад досега.Русија го изврши можеби најмасовниот воздушен напад врз Украина, со 539 дронови и 11 балистички ракети, при што главна цел беше главниот град Киев.

Германскиот канцелар го повикал Трамп поттикнат од одлуката на Пентагон привремено да ограничи испорака на одредени видови оружје на Украина.

Мерц, според ДПА, изразил загриженост дека масовниот напад врз Украина се случи веднаш по вчерашниот разговор меѓу Путин и Трамп. Тој нагласил дека во повеќе наврати се покажала иста „шема на однесување“ кај рускиот претседател – дека секој телефонски повик со него често е проследен со ескалација на нападите.

Слични содржини