Мерил Стрип, Аријана Гранде и Никол Кидман во заеднички филм

од Vladimir Zorba
202 прегледи

“Одмаздници” може да биде тим на суперхерои, но вистинската ѕвездена бомба е поставена од проектот на Рајан Марфи. Неверојатниот сценарист, кој стои зад проекти како “Glee”, “Ameican Horror Story”, “9-1-1”, “Pose”, “Feud” и уште безброј етаблирани филмови и серии, ја зеде задачата да ги собере Мерил Стрип, Никол Кидман, Аријана Гранде, Џејсон Кордон, Акваин и други.

Проектот ќе ја раскаже приказната за мјузиклот “Пром”, номиниран за награда за Тони. Марфи планира да создаде тим до декември за да се квалификува за наградуваната сезона во 2020 година.  

Во филмот, Стрип ќе ја игра Ди Ди Ален, актерката со две награди за Тони. Ален се среќава со Бари Гликман кој ќе биде одигран од Џејмс Кордон, и двајцата почнуваат да прават мјузикл за животот на Елинор Рузвелт.

Фото: Ројтерс

Резултатот воопшто не им се допаѓа на критичарите, но двајцата не се откажуваат и решаваат да се приклучат на добротворна организација, која е водена од Енџи Дикинсон и Трент Оливер кои ќе бидат одиграни од Никол Кидман и Ендрју Ранелс.

Така Ди Ди Ален и Бери Гликман мислат дека ќе ја заживеат својата кариера. Целта е да ѝ помогнат на девојка од Индијана на која ѝ е забрането да оди на бал со својата пријателка. 

Фото: Ројтерс

Ариана Гранде, која освен што ќе учествува во филмот ќе се погрижи и за музиката, ќе ја одигра Алиса – најпопуларната девојка во училиште, а Акуафина ќе влезе во улогата на публицист на театарските актери. 

Марфи, покрај сценарист, ќе биде продуцент на проектот, а зад проектот стои гигантот Нетфликс.