„Мерилин беше божица, а Ким…“: Дизајнерот на култниот фустан ја критикуваше ријалити ѕвездата

од Stefanija Kuzmanovska

Ким Кардашијан е цел на критики поради одлуката да го носи култниот фустан на Мерлин Монро од 1962 година на неодамна одржаната Мет Гала во Њујорк, а сега по тој повод се огласи и дизајнерот на познатиот модел Боб Меки.

Познат американски дизајнер е автор на скица според која костимографот Жан Луис го изработил историски фустан во кој Мерлин Монро му пееше роденденска песна на поранешниот американски претседател Џон Кенеди.

Ким се осмели да го облече фустанот украсен со 6.000 кристали шест децении по тој настап. По нејзината парада во Музејот Метрополитен, се огласија бројни модни експерти, зачудени како ѝ е дозволено да носи култен модел кој е дел од американската модна историја.

„Мислам дека тоа беше голема грешка. Мерилин беше божица. Луда божица, но божица. Беше фантастична“, изјави дизајнерот за Entertainment Weekly, а пренесува Daily Mail.

Тој го смета за алармантен фактот што Ким го облече познатиот фустан, бидејќи по Мерилин никој не требало да ја носи незаборавната светкава тоалета. Боб се пожали и на фактот дека моделот може да се оштети бидејќи е исклучително нежен и не треба да се вади од внимателно дизајниран простор.

Боб имал само 23 години кога ја создал скицата, работејќи како асистент на Жан Луис, а ова не е прв пат да го критикува семејството Кардашијан, за кое во 2021 година рече дека било познато без оправдана причина.

Слични содржини