Луѓето со право скокаат. Тие се сиромашни. Купиле дизелаши за да можат поевтино да поминат. Планирале. Одеднаш владата ад-хок им зголемува цена и најавува дека долготрајно ќе биде така. Ко гром од ведро небо! Сосема со право се гневни! Оваа мерка, од друга страна, е класична конзервативна мерка – привилегираната средна и висока класа во владата ја казнува сиромашната класа зашто загадувала. Се нема грам сочувство за сиромаштијата!
Не се прави така. Луѓето мора да имаат сигурност од државата. Јавните институции мора долгорочно да планираат, да аргументираат и да спремаат долгорочни и разумни стратегии. Луѓето треба да можат на време да планираат.
На пример – да се излезе со политики според кои дизелот ќе расте за 10% секоја година почнувајќи од 2020 до 2030, во 2030 ќе се забрани увоз на возила со дизел мотори, од 2035 ќе се забрани возење на дизел во поголемите градови, а од 2040 ќе се забрани дизел скроз. Така луѓето ќе имаат време да планираат. Оние што веќе испланирале и скоро купиле дизелаш, ќе имаат 5-6 години да ги сменат плановите и да се спремат да купат нова кола.
Ова мора да биде во пакет со други мерки: државата да ги откупува новите дизел коли за свои потреби, да се инвестира масивно во јавен превоз – трамвај или специјални автобуски брзи линии во Скопје, нови автобуси (тролејбуси) со приколки, субвенции за плин, премин на етанол и слично.
Фејсбук статус на Јордан Шишовски