Меркел: До последен момент ќе се трудам за уреден Брегзит

од Марта Пешевска
124 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека до последен момент ќе се труди да обезбеди уреден Брегзит, но пред се Велика Британија треба да најде решение.

Според неа, спречувањето на хаотичен Брегзит, без договор со ЕУ, е во интерес на Велика Британија, но и во интерес на Унијата.

– Решенијата мора да се пронајдат во Велика Британија. Се прават интензивни напори, но може да се забележи дека има различни идеи, истакна Меркел по состанокот со регионалните функционери во источниот дел на Германија.