Меркел доаѓа во посета на Србија

од Nikola Popovski

Српскиот претседател Александар Вучиќ во вторникот вечерта објави дека Србија очекува голема посета од канцеларката Ангела Меркел, без да прецизира кога ќе биде, но додава дека се работи многу на тоа.

„Верувам дека ќе бидеме добри домаќини и дека ќе научиме повеќе за германското гледиште за Балканот и што треба да правиме во иднина“, рече Вучиќ за ТВ Пинк во Блед, каде што учествува на Бледскиот форум.

„Очекуваме голема посета. Не можам да кажам точен датум, но се работи за германската канцеларка Ангела Меркел. Се надевам дека нешто нема да се случи со епидемиолошката состојба, се надевам дека ќе се запознаеме со германското гледиште за Западен Балкан. Тоа е важно за Србија, ќе можеме да научиме многу за германското гледиште за Балканот. Мораме да ја имаме Германија на наша страна ако сакаме да напредуваме понатаму“, рече Вучиќ за ТВ Пинк.

Фото: Carsten Koall/Getty Images

Слични содржини