Меркел имала само кус контакт со заразениот лекар

од Aleksandar Petrovski
163 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел беше само кратко во контакт со лекарот, кој подоцна беше позитивно тестиран за коронавирусот, па има добри шанси таа да не е заразена, изјави шефицата на нејзиниот кабинет Хелга Браун.

Таа рече дека Меркел во петокот примила вакцина против пневмокока, бактерија која предизвикува пневмонија, и отиде во самоизолација во неделата (вчера), откако дозна дека лекарот е позитивен на коронавирусот..

Меркел (65) ќе ја продолжи својата работа од дома и во следните денови, во повеќе наврати, ќе биде тестирана на Ковид-19.